Со Коби и Џиџи настрадаа и две соиграчки и нивните родители

Во саботата се слушнавме и Џон ми се пофали дека заедно со Коби Брајант ќе лета кон кошаркарскиот турнир во Тусанд Оакс, открива помошник-тренерот Рон Ла Руфа, кој работи во бејзбол-тимот на округот Оранж, а бил еден од последните со кого разговарал Џон Алтобели, тренерот кој заедно со својата жена Кери и ќерката Алиса се најдоа на кобниот лет во кој загинаа и Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи (13). Алиса Алтобели била соиграч на Џиџи и заедно требало да играат на кошаркарскиот турнир во неделата.

Покрај семејството Алтобели, познати се и останатите загинати. Во хеликоптерот биле и младата кошаркарка Пејтон и нејзината мајка Сара Честер, тренерот по кошарка Кристина Маусер, како и пилотот Ара Зобајан. Пилотот Ара до последен момент се обидувал да воспостави контрола врз хеликоптерот, но густата магла и слабата видливост биле кобен фактор за да дојде до трагедијата, во која загинаа деветтемина.

- Оглас -

Најнови вести