Познати деталите како се движел кобниот лет на Брајант: Пилотот „се изгубил“ во маглата во планинската област

Засега нема информации која е точната причина за падот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седуммина, но ТМЗ спорт, кој прв информираше за страшната трагедија, сега дава детали од кобниот лет.

Во неделата наутро во Лос Анџелес имало магла и според стандардите за летање не требало хеликоптерот да тргне на пат. Сепак, Коби Брајант одлучува хеликоптерот да полета и тоа е кобна грешка, затоа што утрото не летале ниту хеликоптерите на полицијата на ЛА.

Податоците за следбениците за летање покажуваат дека хеликоптерот на Коби прво се соочил со временските непогоди, уште додека бил во Лос Анџелес, некаде кај Зоолошката градина. Хеликоптерот ја обиколувал таа област најмалку шест пати на многу мала надморска височина – околу 270 метри. Се претпоставува дека пилотот чекал маглата да се расчисти.

Пилотот ја контактирал контролната кула на аеродромот Бурбанк во околу 9:30 часот, а од кулата биле запознаени дека хеликоптерот кружел 15-тина минути. На крајот, пилотот решил да се упати кон кон север по автопатот 118 пред да сврти кон запад и започне да го следи 101 автопатот околу Вудленд Хилс, Калифорнија.

Околу 9:40 часот тие повторно наидуваат на временски непогоди, односно на густа магла. Хеликоптерот свртел кон југ, а тоа било лошо затоа што натаму започнува планинска област. Пилотот летал на околу 370 метри, но наеднаш го искачил хеликоптерот на 610 метри.

Неколку минути подоцна, тие летале на околу 510 метри во планинска област, а брзината на летање била со 300 километри на час. Неколку моменти подоцна, хеликоптерот се се срушил.

Заедно со Брајант загина и неговата 13-годишна ќерка и уште седуммина други луѓе од кои тројца се од исто спортско семејство – татко, мајка и ќерка.

- Оглас -

Најнови вести