Со Коби патувала и една од ќерките, очевидците раскажуваат што се случило (Видео)

Најстарата ќерка на Коби Брајант, Џана Марија Оноре, позната како Џиџи, била во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија, а во кој загина Коби Брајант, потврди ТМЗ спорт. Џана имаше само 13 години. Покрај Коби и Џана, во хеликоптерот имало уште тројца, но засега не се знае нивниот идентитет.

Според очевидци, хеликоптерот наеднаш загубил контрола и за брзо време се урнал во ридот, а потоа и се запалил. Некои шпекулации велат дека уште некоја од ќерките патувала заедно со Брајант, но засега нема потврдени информации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести