Со Манчестер во Валенсија патува и 14-годишно дете

Манчестер јунајтед уште во минатото коло го обезбеди местото меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите, па дуелот против Валенсија на гости е само формалност. Жозе Мурињо, тренерот на „црвените ѓаволи“, се реши за необичен потег. Во Валенсија ќе игра со вториот тим, односно со голем дел од играчите кои се во јуниорскиот состав.

Поради одлуката на Мурињо да повика повеќе млади играчи, направи проблем во младинскиот тим на Јунајтед, кој игра во младинската лига на ЛШ против Валенсија. Во составот на младинскиот тим шанса да патува во Валенсија доби и ултра талентираниот Нигериец Шола Шоретире, кој има само 14 години.

Шоретире ќе биде во тимот, а тренерот на јуниорите, Ники Бат, ќе одличи дали ќе му даде шанса и да дебитира во младинскиот состав. Покрај младиот Нигериец, во младинскиот состав ќе биде и 15-годишниот дефанзивец Вил Фиш.

 

- Оглас -

Најнови вести