Со Несторовски на теренот, Удинезе се избори за реми кај Парма

Удинезе и Илија Несторовски се спасија од пораз на гостувањето кај Парма со надополнување на негативата од два гола и конечно реми од 2-2.

Македонскиот репрезентативец го одигра целото второ полувреме откако мечот го почна како резерва, а токму во вторите 45 минути Зебрите се изборија за бодот.

Головите на Корнелиус и Куцка од првото полувреме не беа доволни за Парма, бидејќи Окака намали на 2-1 во 64-тата минута, а на десетина минути пред крајот, конечниот резултат го постави Нујтинк.

Со ова реми Удинезе остана на 13-тата позиција со 25 бода, додека Парма е на претпоследното 19-то место со 14 бода на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести