Со неверојатен поен го срушија рекордот на Агаси и Сампрас од 1997 година (Видео)

Каспер Руд го победи Карен Хачанов со 3:1 во сетови и Норвежанецот се пласираше во финалето на САД Опен. Руд ќе се бори за првиот Гренд слем трофеј, откако го доби мечот против Русинот, но и поенот кој можеби беше клучен за мечот, а воедно и историски.

Се играше тај-брејк во првиот сет, а резултатот беше 6:5 бо поени за Руд. Норвежанецот сервираше за да го освои сетот, а во поенот се одиграа неверојатни 55 размени на удари, што е рекорд во историјата на САД Опен.

Претходниот рекорд го држеа Пит Сампрас и Андре Агаси од далечната 1997 година, кога имаа 51 размена на удари. Овојпат Руд и Хачанов го надминаа рекордот стар 25 години, а што е уште поважно Руд со освојување на тој поен поведе со 1:0 во сетови и доби психолошка предност во продолжение на мечот кој го доби со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести