Со новиот тренер во Париз доаѓаат и две засилувања

Реконструкцијата во Пари Сен Жермен тргна од директорската позиција, Луис Кампос го замени Леонардо, а на жешкото столче ќе седне Кристоф Галтие како наследник на Маурисио Покетино.

Со новиот тренер во Париз доаѓаат и две нови имиња, за кои се предвидени да се потрошат околу 80 милиони евра.

Милан Шкрињар од Интер е целта на Парижаните за зацврстување на одбраната, а одредени медиуми тврдат дека за словачкиот дефанзивец е постигнат договор на околу 60 милиони евра. Ренато Санчес соработуваше со Галтие во Лил, а Светците за него издвојуваат до 20 милиони евра за Португалецот, кој беше блиску до преселба во Милан, но оваа понуда го натера да се премисли.

Овие трансфери речиси се гарантирани, додека ПСЖ во меѓувреме работи на мегатрансфер и евентуален ангажман на Роберт Левандовски. Уште едно бурно лето за францускиот првак, останува да се види како ќе заврши целиот проект.

- Оглас -

Најнови вести