Со одлука на Владата – Навивачите во Македонија се враќаат на трибините

Владата на Република Македонија донесе одлука што ќе ги израдува љубителите на спортот и наскоро на натпреварите во нашата земја ќе има и публика на трибините.

Секако, препораките на здравствените власти остануваат да важат, што значи дистанца од 1,5 до 2 метри, со почитување и на протоколите, а дозволено ќе биде да се пополни капацитетот на трибините до 50 отсто на мечевите што ќе се играат на отворено и до максимум 1.000 гледачи за спортовите што се организираат во затворен простор.

Тоа значи дека на фудбалските мечеви со почитување на сите протоколи што важат во услови на пандемијата на ковид-19 ќе може да има публика на трибините со половина капацитет на стадионите, а за кошарка, ракомет и сите останати спортови што се играат во сала или во затворен простор ќе биде дозволено најмногу 1.000 гледачи по меч.

- Оглас -

Најнови вести