Со огномет и песна доцна во ноќта се славеше титулата на Сараево (видео)

Навивачите на Сараево вчера навечер со огномет и песна ја славеа седмата титула на клубот, втора во низа откако фудбалската федерација на БиХ ја прекина сезоната во тамошната Премиер лига. Сараево како лидер со 45 бода пред прекинот на сезоната ја зеде титулата по службен пат, меѓутоа тоа не ги спречи навивачите да се радуваат и да лудуваат низ улиците на босанската метропола.

Очигледно меѓу нив не владее ниту страв од ширење на корона-вирусот бидејќи според видеото се гледа како топла луѓе седат блиску едни до други иако вирусот ковид-19 е уште активен во земјата.

- Оглас -

Најнови вести