Натпреварот помеѓу Србија и Шпанија од Лигата на нациите закажан за 5 септември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград предизвикува голем интерес, тоа е прв меч за Црвената фурија по освојувањето на европската титула, а сега е јасно и кои ѕвезди ќе бидат присутни, а кои отсутни.
Српскиот селектор Драган Стојковиќ од списокот ги изостави главните напаѓачи Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ, како и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Во отсуство на ударниот голгетерски тандем, предводник на српскиот напад ќе биде Лука Јовиќ.
Ги нема ни Тадиќ, Костиќ, Гудељ, Вања Милинковиќ-Савиќ, а во Србија се зборува за тивок бојкот на селекторот.
Што се однесува до Шпанија, од составот кој стана европски првак ќе ги нема Мората, Унаи Симон, Начо, Хесус Навас, Мерино, Баена и Фермин. За средбата со Србија ќе го нема ни главниот мотор, Родри, кој е суспендиран.
Сепак, Црвената фурија има моќен состав со Карвахал, Лапорт, Ле Норман, Кукурелја во одбраната, Фабијан Руис, Педри и Олмо во средниот ред, Јамал, Нико Вилијамс, Феран Торес, Ојарзабал и Хоселу во нападот.