Со овој тим без проблем може да се освои Лигата на шампионите – Погледнете кои фудбалски ѕвезди ќе бидат слободни агенти летово (ФОТО)

Како и секое претходно, така и во летото кое што е пред нас голем број на фудбалски ѕвезди ќе останат без договор.

Секако, тоа е според постоечките договори, иако во меѓувреме можат да потпишат нови со тимовите каде што играаат или посакуваат да играат.

Во секој случај оваа листа е исполнета со голем број на фудбалски ѕвезди кои ако се спојат во еден тим, не би имале никаков проблем да ја освојат Лигата на шампионите.

Нападот е исклучително јак а го сочинуваат, Луис Суарес, Осман Дембеле и Килијан Мбапе, а ништо послаба не е ниту средината каде што играаат Паоло Дибала, Лука Модриќ и Пол Погба.

На голот е Сем Џонстон, додека во одбраната се Антонио Рудигер, Џезар Аспиликуета, Николас Суле и Хуан Квадрадо.

 

- Оглас -

Најнови вести