Мајстор си е мајстор – Со паненка и два гола Роналдо се врати по Ковид-19 (Видео)

Кристијано Роналдо се врати на терен во свој стил, со голови за Јувентус и беше најзаслужен за победата од 4:1 против Специја, иакоиграше само нешто повеќе од половина час.

Кам-бекот по одлежаниот корона-вирус Португалецот го означи со гол по само 180 секунди, откако влезе во игра, а потоа од пенал изведе прекрасна паненка за супер враќање на терен.

Специја одлично се држеше еден час против шампионот, имаше резултат 1:1, но немаше рецепт како да го сопре Роналдо.

Главната ѕвезда на Јувентус влезе во игра во 56. минута на местото на Дибала и само 180 секунди подоцна постигна гол за предност на гостите од 1:2.

По него погоди и Рабио, а повторно Португалецот доби шанса за гол во 76. минута кога беше досуден пенал за Јувентус.

Погоди на интересен начин со удар со популарната паненка, а Старата дама победи по два меча во кои одигра нерешено во Калчото.

Во истиот термин од 15 часот, Лацио го победи Торино со 4:3 на гостински терен во уште еден меч во Серија А, а во Премиерлигата Њукасл славеше против Евертон со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести