Со Партизан ја освои Евролигата, со МЗТ го победи Реал, а сега е нов тренер на Работнички

Игор Михајловски ќе го наследи Тони Симиќ на клупата на кошаркарскиот клуб Работнички. Раководството на најтрофејниот македонски клуб му укажа доверба на човекот кој во минатото беше играч и помошник-тренер на тимот од „Градски парк“.

Кумановецот Михајловски беше член на шампионската генерација која во 1992 стана европски првак, а во 1996 година како играч на МЗТ Скопје помогна во историската победа над Реал Мадрид. За Работнички играше од 1997 до 1999 и освои две титули.

Михајловски има искуство и како главен тренер. Ги водеше Куманово и Кожув.

- Оглас -

Најнови вести