Со пенал во 90+8 минута, Наполи славеше против Калјари

Наполи го совлада Калјари со конечни 2-1 во претпоследниот дуел од 35-тото коло во Серија А. Избраниците на Карло Анчелоти доста се намачија за трите бода, бидејќи до 84-тата минута беа во негатива од еден гол. Паволети ќе беше херојот на Сардинците со неговиот погодок во 63-тата минута да не беа Дрис Мертенс и Лоренцо Инсиње.

Белгиецот ги спаси домаќините во 85-тата минута со неговиот 14-ти гол за оваа сезона во италијанскиот шампионат, додека капитенот на Наполи дури во осмата минута од судиското надополнување беше прецизен од белата точка и го постави конечниот резултат.

Судијата Чифи со помош на ВАР-технологијата додели најстрога казна во корист на домаќините, а виновник за пеналот беше Ионита, кој ја допре топката со рака во шестнаесетникот на Калјари.

https://www.dailymotion.com/video/x77hrel

 

https://www.dailymotion.com/video/x77hsyk

 

https://www.dailymotion.com/video/x77htsk

- Оглас -

Најнови вести