Со петарда до врвот на Бундеслигата

Со стил и со гол-шоу играчите на Борусија Менхенгладбах стасаа до лидерската позиција во Бундеслигата, откако денска со 5:1 го декласираа Аугсбург.

На почетокот доминираше Херминаторот, Патрик Херман со два гола за пет минути, а веќе во 13. минута беше 3:0 за домаќините. Прв погоди Закарија, а до крајот на полувремето стрелец беше и Плеа за убедливи 4:0. Францускиот интернационалец имаше и две асистенции за головите број два и број три што ги даде Херман.

Во продолжението Аугсбург го постигна почесниот погодок за Аугсбург, но за убедливи 5:1 се погрижи Емболо.

Борусија е прва со 16 бода по 7 кола, пред пет екипи со по 14 бодови. Аугсбург е на 14. место со пет бода.

- Оглас -

Најнови вести