Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life, носат вкупен коефициент од 46,95, ако се одиграат на еден тикет заедно.
Истанбулспор ја пречекува Сиваспор и тука се очекуваат погодоци. За играта да има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар, квотата е 2,25.
Голови се очекуваат и на последниот натпревар од данскиот шампионат меѓу Рандер и Архус. Тука има квота од 2,15 доколку одиграте да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Во Романија се игра градското дерби меѓу ЦФР Клуж и Универзитатеа Клуж, во кое домаќинот ја има фаворитската улога. За триум на ЦФР Клуж и да падне барем еден гол во второто полувреме, квотата е 2,15.
Идентична квота има и за дуелот од Серија А помеѓу Милан и Салернитана. Росонерите се фаворити на овој натпревар и со победа ќе се искачат на второто место на табелата. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Милан и во првото и во второто полувреме, ќе постиге меѓу еден и три гола.
Последниот предлог е од дуелот во Ла Лига меѓу Жирона и Атлетико Мадрид. За играта Јорганџиите да не загубат и да бидат постигнати помеѓу два и четири гола, квотата е најмала од сите пет предлози и изнесува 2,10.