Со петте Квоти на денот може да се дојде до одлична добивка (Фото)

Петте натпревари во Квотите на денот на Sport Life се од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Европа и во Лигата на конференции, како и од норвешката втора лига, кои доколку се одиграат заедно на еден тикет, прават квота од 54.34.

Првиот предлог е од дуелот меѓу Брине и Мос во норвешката втора лига и ја има најмалата квота која изнесува 2.00. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Најголемата квота е од мечот во плејофот за пласман во Лигата на конференции меѓу Хибернијан и Астон вила и изнесува 2.55. Премиерлигашот е голем фаворит за триумф, па Sport Life ви предлага да одиграте дека Астон вила ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку три гола на целиот натпревар.

Брага го пречекува Панатинаикос во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Португалскиот тим е фаворит за пласман во ЛШ и предлогот на Sport Life е дека ќе ја искористи предноста на домашниот терен во првиот меч. Квота од 2.40 се добива за играта дека Брага ќе слави вечерва и ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.

Макаби Тел Авив игра против Јанг бојс и тука се очекуваат голови. Квота од 2.00 се добива за играта да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме и барем три гола на целиот натпревар.

Еден од најинтересните дуели во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите е тој меѓу Молде и Галатасарај. Норвешкиот шампион во претходното коло го елиминира КИ Клаксвик од Фарски Острови, но сега нема да ја има фаворитската улога бидејќи за противник го има турскиот првак Галатасарај. Предлогот на Sport Life e да се одигра дека Галатасарај нема да загуби и притоа ќе бидат постигнати меѓу два и четири гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.20.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести