Со победа без примен гол, Конте ќе испише историја во миланското дерби

Интер и Милан утре ќе го привлечат вниманието на фудбалските фанови со 171-то Серија А „Дерби дела мадонина“. Нероаѕурите во улога на домаќини на „Џузепе Меаца“ посакуваат триумф со кој ќе ги одржат надежите за Скудетото, а воедно може да се испишат неколку рекорди доколку избраниците на Антонио Конте слават против лутиот ривал.

Имено, Конте може да стане првиот тренер во историјата на миланското дерби кој ќе ги добие првите две дербија без примен гол, но секако за тоа да се случи случи неговата тактика ќе треба да биде перфектна, а одбраната да го скроти Златан Ибрахимовиќ, пред сè. Првото дерби од оваа сезона Интер го доби со удобни 2-0 со головите на Брозовиќ и Лукаку.

Напоредно, Интер цели на четврта победа во низа против Милан во лигашки рамки, нешто што се нема случено од 1985 година. Но, исто така треба да се знае дека Росонерите загубиле само двапати од Интер во вкупно 14 средби кои се одиграле во февруари.

Според коефициентите во Sport Life, Интер е фаворит во дербито со тоа што „кецот“ има 2.05 квота, додека евентуален триумф на Милан носи точно 4 коефициент. По 22 натпревари во Калчо лигата, Интер стои на второто место со 51 бод, односно има 19 повеќе од градскиот ривал кој е на деветтата позиција со 32 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести