Со победа на Денвер, Јокиќ ќе заработи речиси 500.000 долари!

Денвер вечерва играат мајсторка против Јута џез, а центарот на Нагетси, Никола Јокиќ, има дополнителен мотив за победа. Доколку Денвер успее да победи и да се пласира во полуфиналето на Западната конференција, Јокиќ ќе заработи бонус од 465.517 долари.

Според американските медиуми, во дел од договорите на играчите на Денвер постои опција за бонуси со поминување на првото коло од плејофот во разигрувањето за титулата. Освен Јокиќ, бонус ќе му следува и на Пол Милсап, кој ќе заработи 200.000 долари. Гери Харис нема одиграно доволен број мечеви сезонава и, за жал, тој нема да го добие бонусот од 350.000 долари. За Јокиќ и Милсап добро да заработат, Денвер вечерва треба да победи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести