Со победа на Динамо, Адеми ќе стане рекордер во Динамо Загреб

Динамо Загреб е на чекор од влез во групната фаза од Лигата на Европа и доколку не се случи чудо, хрватскиот првак ќе се радува на победа вечерва против Флора од Естонија. Овој меч ќе биде со посебен мотив за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е и капитен на Динамо.

Пласман во Лигата на Европа ќе значи дека Динамо ќе има загарантирани шест меча, а тоа треба да биде доволно за Адеми да стане рекордер по бројот на настапи во европските купови. Адеми за Динамо во еврокуповите дебитираше како 19-годишно момче и оттогаш поминаа 10 години. Адеми вечерва ќе го има 72-риот настапи во Европа.

Актуелен рекордер по бројот на настапи во Европа во дресот на Динамо е Самир со 76 натпревари за Модрите. Доколку Динамо влезе во групната фаза, а Адеми одигра барем пет од шесте дуели, ќе го надмине рекордот на Самир.

 

- Оглас -

Најнови вести