(Видео) Со посвета од СЕХА-лигата – Се надеваме дека Карачиќ пак ќе биде дел од нас

СЕХА-лигата не ги заборава рекордерите, а еден од нив е Игор Карачиќ, кој има пет трофеи со Вардар во регионалното натпреварување.

„Се надеваме дека ова не е збогум од Игор. Ти благодариме за сè и ти посакуваме многу среќа во Кјелце“, објавија на својата интернет-страница од СЕХА-лигата.

Карачиќ заминува од Вардар и од следната сезона ќе игра за полскиот тим Кјелце, па нема да има можност да игра во Регионалното натпреварување бидејќи неговиот нов тим не е член на СЕХА-лигата.

„Минавме убави години во СЕХА-лигата, едно исклучително добро натпреварување. Се надевам дека ова не беше мојот последен меч во Регионалното натпреварување. Растевме заедно и СЕХА стана едно одлично натпреварување, вистинска забава на ракометната игра. Ќе ги оставам медалите во Скопје да се сеќаваат на мене“, вели Карачиќ при збогувањето и по триумфот на Вардар против Загреб во финалето во Брест.

- Оглас -

Најнови вести