Со повеќе од 360 погодоци во кариерата вели: Не сум природен голгетер

Вејн Руни е пред залезот на кариерата, а по 18 години активен фудбал забележа повеќе од 360 погодоци, поточно 363 за Манчестер јунајтед, Евертон, Ди-Си јунајтед, Дерби и репрезентацијата на Англија, но вели дека не е природен голгетер.

Доста скромна изјава за офанзивецот со толкав број голови зад своето име, кој воедно е рекордер на Црвените ѓаволи и Гордиот Албион.

„Можеби ќе ви звучи чудно, но јас не сум голгетер по природа. Никогаш не бев како Гери Линекер или Руд ван Нистелрој. Горд сум што сум рекордер на Јунајтед и Англија, но факт е дека има подобри „деветки“ од мене. Станав рекордер затоа што долго играв Јунајтед – 13 години и 15 за Англија, и имав време да ги урнам тие рекорди“, истакна Руни.

Во својата 34-та година, Руни моментално е член на второлигашот Дерби каунти во улога на играч/тренер.

- Оглас -

Најнови вести