Со Реал и Тотенхем на чело, прогнозерите нудат 128,9 коефициент

Реал Мадрид денеска ќе се искачи на врвот на табелата во шпанската Примера дивисион, ако се верува на најголем дел од играчите на Спортска прогноза. Кралскиот клуб гостува кај Валенсија, а 62,7 отсто од 1.368 прогнозери веруваат дека гостите ќе ги освојат трите бода. Дербито се игра во 21 часот а победа на Реал е со коефициент 2,02 во Sport Life, што е навистина примамливо.

Од мечевите кои денеска се на програмата на ова коло во Спортска прогноза, делува дека има неколку сигурни фиксови. Неверојатни 94 отсто очекуваат победа на Лион во дуелот против Рен, а коефициентот е 1,75. Голема е веројатноста и дека Тотенхем ќе слави на гостувањето кај Вулверхемптон. За триумф на лондончани се 78,8 отсто од прогнозерите, а коефициентот е 2,30. Речиси 90 отсто од прогнозерите веруваат дека Селта во Виго ќе се радува против Мајорка, а коефициентот е 1,75.

Со над 50 отсто во прогнозите се играчите на Спортска дека двата меча од холандското првенство ќе бидат со триумф на гостите. Феенорд го пречекува ПСВ во дербито, а половина од прогнозерите се за победа на гостите од Ајндховен, за кои коефициентот е 2,50. Ист е коефициентот и за трите бода да ги освои Утрехт на гостувањето кај Хераклес.

Единствениот „реален“ нерешен резултат е во Серија А, на мечот меѓу Верона и Торино. За „икс“ се 42,8 отсто од прогнозерите, а 42,1 отсто веруваат во двојка. Затоа тука во прогнозата ќе го земеме коефициентот за Х2 односно двојна шанса која вреди 1,45.

Кога ќе се соберат коефициентите од прогнозите на преку 1.300 прогнозери, од понудените седум меча се добива вкупен коефициент од 128,9. Тоа значи дека со 100 вложени денари, доколку играчите на Спортска прогноза се добри во проценките, можната добивка е 12.894 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести