Со Реал Мадрид освои 18 трофеи, а сега за „ситно“ е понуден во Барселона

Рафаел Варан имаше блескави моменти во дресот на Реал Мадрид и со Кралевите се радуваше дури на 18 трофеи, освојувајќи ги сите најважни натпреварувања. По 10 години поминати на „сантијаго Бернабеу“, дефанзивецот направи трансфер во Манчестер јунајтед.

За две и пол години поминати во англискиот гигант, Варан се радуваше само на трофејот во Лига Купот, а одигра 79 натпревари. Според англиските медиуми, постои опција Варан да се врати во Шпанија, но тоа би било шокантен трансфер, затоа што за него се интересира Барселона.

Шпекулациите се дека Варан би можел овој месец да замине во каталонскиот гигант и тоа за трансфер вреден само 20 милиони евра. Пред да почнат овие шпекулации за заминување во Барселона, постоеше опција тој да се врати во Реал, но тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти неодамна изјави дека не планира никакви нови играчи во дефанзивната линија.

- Оглас -

Најнови вести