Со речиси 300 км на час се „залепи“ во оградата, автомобилот остана распарчен (Видео)

Јапонскиот возач Мицунори Такабоши преживеа тежок судир на една трка во родната земја. Несреќниот Такабоши возеше со брзина од 290 километри на час во обид да го стигне првопласираниот Јахум Секигучи, кога на патеката во Фуџи се појави автомобилот на Такеши Суехиро, кој од непознати причини едноставно сопре на патеката.

Такабоши брзо реагираше и за да не удри директно во автомобилот пред него, нагло сврте, но така загуби контрола над возилото и удри директно во заштитната ограда. Уништениот болид неколку пати се сврте на патеката, а, за среќа, ниту еден друг автомобил не учествуваше во инцидентот, кој може да го видите на видеото од 2.50 минута.

Такабоши го преживеа судирот и беше пренесен во болница на дополнителни лекарски прегледи. Навистина е чудо како возачот помина без никакви тешки повреди ако се знае брзината со која удри во оградата. На старт од целната рамнина, автомобилите достигнуваат брзина и од над 300 километри на час.

- Оглас -

Најнови вести