Со реми без голови Еибар и Вилјареал урнаа 20-годишна традиција

Еибар и Вилјареал за првпат во 20-годишната историја на меѓусебни дуели одиграа без голови во првиот меч за двете екипи во Новата година.

Домаќините имаа целосна иницијатива, упатија вкупно 24 удари, 6 од нив во рамките на гостинскиот гол, но не успеаја да ја затресат мрежата на одличниот голман на Вилјареал, Серхио Асенхо.

Двете екипи претходно имаа одиграно 10 натпревари, почнувајќи од 1999 година и никогаш до денеска немаа одиграно меч без голови.

Еибар со 22 бода е на 12. место по 18 одиграни натпревари, а Вилјареал има пет бодови помалку на 17. позиција. Двете екипи немаат победа во последните пет кола во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести