Со шампионски прстен од Торонто пристигна во Црвена Ѕвезда

Црвена Ѕвезда ангажираше уште еден Американец за новата сезона, а Лоренцо Браун има и шампионски прстен од НБА лигата со актуелниот првак Торонто, иако не играше многу за Репторс.

Браун потпиша едногодишен договор, а во редовите на „црвено-белите“ доаѓа од Кина. Таму играше, откако во јануари доби отказ од Торонто. Сепак има настапи за актуелниот првак во НБА лигата и ќе добие и шампионски прстен.

Во најсилната кошаркарска лига на светот, во НБА лигата има одиграно 103 натпревари со просек од 2.8 поени.

Покрај Лоренцо Браун во Црвена Ѕвезда летово пристигнаа и Дерик Браун и Џејмс Гист од Панатинаикос.

- Оглас -

Најнови вести