Со Швјонтек се како сестри, Маја денеска слави прва гренслем-победа и конечен триумф против депресијата

Маја Хвалинска денеска слави двојна победа, прва на гренслем-турнирите откако со 2:0 ја победи Катерина Шинјакова на Вимблдон и конечен триумф против депресијата.

Младата 20-годишна полска тенисерка паузираше 20 месеци и биеше тешка битка со депресијата, но конечно успеа да се извлече од канџите на подмолната болест и да се врати на тениските терени.

Маја тениски растеше паралелно со сега многу попознатата сонародничка од Полска, Ига Швјонтек, која веќе има две гренслем-титули на 21-годишна возраст, и тоа годинава и преклани освоени на Ролан Гарос во Париз.

Заедно ја почнаа професионалната кариера на ист турнир во Завада во 2015 година, а беа и вицешампионки во игра на женски двојки како јуниорки на Отвореното првенство на Австралија пред пет години.

„Многу ѝ се радувам на оваа победа, а секако и на триумфот против депресијата. Се надевам дека во иднина сè ќе биде в ред и ќе успеам да потврдам дека можам да играм врвен тенис“, изјави 20-годишната полска тенисерка.

Во второто коло на Вимблдон ќе игра против 28-мата носителка Алисон Риске, а интересно е што со својата тениска сестра, како што ги нарекуваа порано Швјонтек и Хвалинска, не се во истиот дел од ждрепката, па веројатно дуел меѓу нив на Вимблдон ќе нема, ако не се случи чудо, па и двете да стигнат до завршницата на гренслемот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести