Со спектакуларен гол влезе во историјата на Бундеслигата, но неговиот тим загуби (Видео)

Тинејџерот на Борусија Дортмунд Јусуф Мукоко, испиша уште историска страница во германската Бундеслига. Неверојатниот талент на Милионерите беше во стартниот тим на гостувањето против Унион Берлин и постигна гол.

Мукоко даде атрактивен погодок во 60-тата минута кога израмни на 1:1. За негова несреќа, тој погодок не беше доволен за успех на Борусија, која загуби на гостувањето во Берлин од Унион со 2:1.

И покрај поразот, погодокот на Мукоко е историски и ќе се памти, затоа што тој стана најмладиот стрелец во историјата на германското првенство. Неверојатниот талент погоди со само 16 години и 28 денови.

Ова не е прв рекорд на Мукоко. Во помалку од 30 дена, тој постави и уште две неверојатни постигнувања. Дебито за Борусија во Бундеслигата го имаше со само 16 години и еден ден, со што стана најмладиот играч кој некогаш заиграл во германската елитна лига.

Мукоко постави рекорд и во Лигата на шампиони. На мечот на Борусија против Зенит, тинејџерот влезе во игра во второто полувреме и стана најмладиот фудбалер во елитното натпреварување на УЕФА со само 16 години и 18 денови.

 

- Оглас -

Најнови вести