Со Спортска прогноза и репрезентативен фудбал до примамливиот iPhone XS

Во тек е 11-тото коло од втората сезона на Спортската прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life, а на ред дојдоа репрезентациите и квалификациските мечеви за пласман на Европското првенство, но и уште неколку дуели што се играат во рамките на други натпреварувања.

Може ли Македонија да ја изненади Австрија во славеничката атмосфера што домаќините ја подготвуваат на „Ернст Хапел“ во Виена е една од дилемите во ова коло. Во фокусот исто така ќе бидат и дуелите меѓу Русија и Белгија, Србија и Украина и Косово и Англија, што се мошне важни во трката за пласман на ЕП 2020 година.

Како и во секое коло, премијата што ја доделува Sport Life е прекрасниот мобилен телефон IPhone XS, за којшто треба да се погодат сите 13 парови од основната програма. Секако, треба да се внимава и на резервните двојки кои носат поени во битката за Генерален пласман и главната премија ТВ Смарт од 48 инчи.

Сите учесници имаат шанса, а не е доцна да се вклучите и вие со ваши прогнози бидејќи за секое коло има посебни награди кои се многу примамливи. Веќе знаете дека играта е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести