Со триумфот во Ролан Гарос, Ѓоковиќ направи нешто што не им успеало ниту на Надал, Федерер, Лејвер…

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, со победата над Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос во три сета, дојде до 23-та грен слем титула и притоа направи нешто што досега не му испеало на ниту еден тенисер во историјата.

Ѓоковиќ стана единствениот тенисер кој најмалку по три пати триумфирал на сите четири грен слем турнири. Новак има по три триумфи на Ролан Гарос и на САД опен, десет на Австралија опен и седум на Вимблдон.

Во женска конкуренција, дури три тенисерки им успеало вакво нешто, тоа се Маргарет Корт, Штефи Граф и Серена Вилијамс.

- Оглас -

Најнови вести