Собираше топки на легендарниот меч Ливерпул – Барселона, а сега игра во ЛШ

Ливерпул синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај Митјиланд, но мечот ќе остане историски за англискиот тим. На полувремето, на местото на Фабињо, во игра влезе Били Куметио и постави клупски рекорд како најмлад фудбалер што заиграл за Ливерпул во Лигата на шампионите.

Куметио има само 18 години и 25 дена и е талентиран дефанзивец кому очигледно му престои добра иднина. Интересно е што Куметио само пред една и пол година беше дел од легендарниот меч на „Енфилд роуд“ меѓу Ливерпул и Барселона, кога домаќините победија со 4:0. Куметио тогаш беше покрај теренот и беше задолжен да трча по топките. Сега, наместо да трча по топките, младиот Французин доби шанса да заигра во ЛШ и да постави нов клупски рекорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести