Соблекувалната на Барса едногласна: Нејмар да се врати

Повеќе француски медиуми ивестија дека Нејмар наводно ја прифатил понудата од ПСЖ да го продолжи договорот до јуни 2026 година со годишна заработка од 36 милиони евра, но додека тоа не е официјално, играчите на Барселона веруваат во негов камбек на „Камп ноу“.

„Мундо депортиво“, реномираниот шпански лист, тврди дека во соблекувалната на Барселона едногласна е желбата за Нејмар повторно да го облече дресот на каталонскиот гигант. Особено на враќањето на Нејмар се надеваат фудбалерите кои и во минатото беа соиграчи со најскапиот фудбалер во светот од 2013 до 2017 година.

Доколу новата управа на Барселона успее да го врати Нејмар, тоа ќе биде голем плус за Меси да се предомисли и да ја продолжи соработката со клубот. Што се однесува до ПСЖ, јасно е дека не сака да ја загуби првата ѕвезда, но доколку нема друг избор, можно е да го бара Антоан Гриезман за возврат, па двата гиганти да остварат размена меѓу фудбалските ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести