Сочно за крај на третата сезона на Спортска прогноза – Дербито на Италија и на Рим се топ-предизвик да се освои „ајфон 11“

Последното коло на Спортска прогноза е во тек за прогнозирање во обидот да се погоди популарната Тринаесетка и да се освои прекрасниот „ајфон 11“.

Третата сезона на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life влегува во самиот финиш и завршува со 36-тото коло викендов.

Коло во кое има многу привлечни натпревари, меѓу нив и две големи дерби-пресметки во Италија. Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер е значајно за Старата дама и само од ревијален карактер за новиот шампион Интер.

Јувентус нема избор освен да победи и да чека кикс на ривалите за пробив меѓу четирите најдобри екипи што ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите.

Интер е веќе нов првак и е екипата што успеа да ја прекине 9-годишната доминација на Јувентус. Нераѕурите играат само за престиж, но самиот дуел против најголемиот ривал на Чизмата во најголемото дерби на Италија е голем предизвик да се победи.

И второто големо дерби ќе се игра во земјата што е четирикратен светски првак, а Рома и Лацио ќе го играат дербито „Дела Капитале“. И тука ривалитетот е огромен, па ќе биде вистински предизвик за сите прогнозери во последното 36-то коло да се погоди исходот и на овој меч.

Погодена Тринаесетка се наградува со „ајфон 11“, со еден промашен пар или погодени 12 двојки се добива ваучер од 1.000 денари, што може да се искористи во Sport Life, а и со две утки следува награда, ваучер од 500 денари.

Во последното коло од третата сезона на Спортска прогноза ќе се крои и завршниот изглед на табелата во Генералниот пласман. Шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а четворицата најуспешни зад него ќе бидат наградени со многу поени што ќе можат да ги искористат за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести