Соиграч на Алиоски игра симултанка на стартот од Мундијалот – Валенсија даде хет-трик, му се важат два гола

Енер Валенсија игра симултанка против домаќинот Катар на премиерниот меч на Миундијалот и со неговите два гола Еквадор води со 2:0 во првото полувреме.

Напаѓачот на Еквадор кој му е соиграч на Езџан Алиоски во Фенербахче, даде три гола, но првиот во третата минута му беше поништен.

Но капитенот на Еквадор не се разочара и потоа постигна два гола.

Првпат беше прецизен од пенал во 16. минута, откако сам изнуди удар од белата точка.

Потоа во 31. минута по асистенцијата на Пресијадо, капитенот на Еквадор постигна убав гол со глава за 2:0.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова е премиерниот меч на Мундијалот во Катар што ќе трае до 18. декември.

 

- Оглас -

Најнови вести