Фудбалска Турција, а и светот се во шок откако го видоа вториот гол со кој Аланијаспор го победи Трабзонспор со убедливи 3-1.
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, го одигра целиот меч, па и тој одблизу виде каква глупост направија неговите соиграчи, голманот Угурџан Чакир и особено Стефано Денсвил, кој му подари гол на противничкиот играч Огуз Ајдин.
Чакир му додаде на Денсвил, Суринамецот „заспа“ и гледаше напред, а и нешто покажуваше со рацете и не виде дека топката веќе е кај него. Чакир не очекуваше такво нешто, па не се врати на голот и остави празна мрежа, а тоа го искористи Ајдин, кој ги шокира гостите со веројатно клучен гол.
Погледнете го голот кој стана хит и ретко се гледа во сериозни лиги како турската:
https://twitter.com/i/status/1764731033642295326