Соиграч на Ејупи искрши бензинска станица, Осиек ќе го избрка од клубот

Поради банална причина, Петар Бочкај, еден од најдобрите играчи на Осиек направил сериозен инцидент и ќе биде отстранет од клубот.

Бочкај е соиграч на нашиот интернационалец Музафер Ејупи, а во пијана состојба враќајќи се од концерт направил ршум на бензинска станица и потоа побегнал.

Причината за сериозниот инцидент во кој има и голема материјална штета била нервозната реакција на 23-годишниот фудбалер, откако му било сугерирано да ја почека смената на бензинската станица за да купи чоколадо. Со автомобилот намерно удрил во објектот, а потоа побегнал.

Од слатки маки, сега Бочкај има горчливи проблеми, а од Осиек со соопштение најавија дека за него кариерата во клубот е завршена.

Петар е еден од најдобрите млади фудбалери во Хрватска, но е со незгоден карактер, а и претходно имаше ситуации на работ на сериозни инциденти.

Осиек моментно е на третата позиција на табелата во ХНЛ и повторно има шанси за настап во европските купови, што им е редовна пракса во последните неколку сезони.

- Оглас -

Најнови вести