Соиграч на Меси го истетовира неговиот лик на себе (Фото)

Одбранбениот фудбалер на Бенфика и репрезентативец на Аргентина, Николас Отаменди, го истетовира ликот на Лео Меси на себе. Отаменди и Меси ги одиграа сите седум натпревари на Светското првенство во Катар, кое успеаја и да го освојат.

И Лионел Меси твитна по повод тетоважата на Отаменди: „Сум видел многу спектакуларни работи поврзани со Светското првенство, но кога колега и пријател како Отаменди ќе направи ваква тетоважа, тоа е посебно! Ти благодарам Ота!“

https://twitter.com/AlbicelesteTalk/status/1641532159256043552?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести