Соиграч на Муслиу како јуниор играше заедно со Гриезман за Франција, а денеска ќе игра за Унгарија

Интересна е животната приказна на унгарскиот репрезентативец Лоик Него, кој е роден во Париз, и играше за Франција заедно со Антоан Гриезман и Висам Бен Једер кога во 2010 година станаа европски шампиони на ЕП за јуниори до 19 години.

Него на тоа СП пред 11 години бил и цимер со Гризман, спиеле во иста соба, тие се блиски пријатели, а попладнево во Будумпешта ќе треба да играат еден против друг, бидејќи од пред две години Него има унгарско државјанство и настапува за сениорската селекција на таа земја.

„Јас и Антоан бевме во иста соба, тие моменти од јуниорското ЕП во 2010 засекогаш ќе ми останат убав спомен. Ќе ми биде мило да го видам, а чудно ќе ни биде што ќе треба да играме еден против друг. Со Бен Једер пораснавме во иста населба, ќе биде емотивно и забавно што ќе играм против Франција“ – вели десниот бек Него кој е член на МОЛ Фехервар и клупски колега е со Висар Муслиу.

- Оглас -

Најнови вести