Соиграч на Несторовски е капитен на младите Германци, сега на мундијалска порта му тропнаа Србите

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на Србија, има одличен план да го ангажира големиот талент Лазар Самарџиќ да игра за Орлите на Мундијалот во Катар.

Самарџиќ има само 20 години и е соиграч на Илија Несторовски во Удинезе, а за него заинтересирани се гигантите Јувентус и Барселона.

Сега стана и приоритет на Србите, кои сакаат по секоја цена да го имаат талентираниот играч за врска во составот за Светското првенство во Катар.

Самарџиќ е роден во Берлин и играше за сите возрасни млади категории за германските репрезентации.

Беше и капитен на јуниорската селекција на Германија, но сега може да дојде до пресврт и да продолжи како А репрезентативец на Србија.

Стојковиќ сака да го има Самарџиќ во составот веќе во септември, за мечевите во Лигата на нациите, а потоа 20-годишниот фудбалер на Удинезе би патувал и за Катар, на Мундијалот што ќе се игра во ноември и декември.

 

 

- Оглас -

Најнови вести