Соиграч од Наполи му замерил на Елмас дека е себичен, Мертенс спречил инцидент

Наполи вчера ја победи Сампдорија со 1-0, голот го даде Андреа Петања, а токму Петања по завршувањето на средбата имал мала дискусија со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Петања имал замерки за Елмас, му приговарал дека бил себичен во некои ситуации и сметал дека треба почесто да му ја додава топката. Елмас се оправдувал, а кога слушнал дека се расправаат, интервенирал Дрис Мертенс и Петања и Елмас го стишиле тонот со кој разговарале додека го напуштале теренот.

Белгиецот пријателски му удрил една блага „заушка“ на Елмас и тројцата смирено заминале кон соблекувална.

- Оглас -

Најнови вести