Соиграчите му го расипаа дебито уште непочнато: тимска фотографија без голман (фото)

Спортинг Лисабон со пораз од Рио Аве во групите тргна во одбрана на трофејот од португалскиот Лига куп, а играчите уште пред почетокот на средбата направија ретко виден кикс. Стартниот состав се собра за тимска фотографија, како што е обичај пред секој фудбалски меч, но фотографијата ја направија без нивниот голман Луис Максимилијано.

За Максимилијано вчерашниот дуел беше сениорско деби за лисабонските Лавови и нема да го памети по добро бидејќи соиграчите го изнервираа уште пред почетокот на средбата, па покрај тоа што е неискусен, ја загуби концентрацијата, по што прими два гола и не спречи разочарување за домаќините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести