Соиграчите од португалската репрезентација за малку ќе се степаа (Видео)

Манчестер сити го освои трофејот во ФА Купот откако во финалето на Вембли со 2:1 го победи градскиот ривал Манчестер јунајтед. Илкај Гундоган ги постигна двата гола за Сити, а Бруно Фернандеш погоди од пенал за Црвените ѓаволи.

Токму Бруно беше во центарот на вниманието кога по завршување на првото полувреме имаше конфликт со Бернардо Силва од Сити. Бруно и Бернардо се соиграчи од репрезентацијата на Португалија, но очигледно дека не се сакаат премногу.

По завршување на првиот дел, Бруно влзе во вербална расправија со Бернардо, па играчот на Манчестер јунајтед во еден момент го допре противникот. Бернардо остро реагираше и покажа дека воопшто не сака да има никаков контакт со Бруно и го оттурна.

Овие двајца за кратко време ќе треба да бидат заедно во иста соблекувална затоа што ќе се најдат на подготовките на селекцијата на Португалија за мечевите од квалификациите за Европското првенство во Германија следната година.

- Оглас -

Најнови вести