Солари ќе му даде шанса на Винисиус

Реал Мадрид плати 40 милиони евра за да го плати бразилскиот тинејџер Винисиус жуниор, но тој не доби шанса да се докаже кај Хулен Лопетеги, па затоа од привремениот тренер Сантијаго Солари се очекува да го фрли во оган.

Очекувањата од Винисиус беа големи, но Лопетеги сметаше дека е подобро да игра за вториот тим, иако главните ѕвезди имаа проблем со реализацијата. Винисиус играјќи за Реал Мадрид Б, чиј тренер е Солари, со неколку спектакуларни голови покажа дека е играч каков што му треба на првиот тим.

Нема тренер во Реал кој го познава Винисиус подобро од Солари. Јасно е дека Аргентинецот ќе му даде шанса на Бразилецот, особено што повреден е Маријано Дијас, па Карим Бензема е единствениот напаѓач. Во овие две недели, додека Солари е на клупата, Винисиус конечно ќе го покаже потенцијалот дали може да се смета на него.

- Оглас -

Најнови вести