Во последните 30 години Солари е најлош тренер на Реал во Ел Класико, а тој не се предава

Реал Мадрид за само неколку дена очигледно ја заврши сезонава во Шпанија. Кралскиот клуб во средата беше елиминиран од Барселона во полуфиналето на Купот, откако на „Сантијаго Бернабеу“ загуби со 0:3, а синоќа претрпе нов пораз, овојпат минимален со 0:1, но и тој речиси сигурно значи крај во трката за трофејот во Примера дивисион.

„Тоа е фудбалот. Факт е дека има огромна разлика меѓу нас и Барселона на табелата, но сигурно не мислите дека ќе се откажеме. Никогаш тоа нема да се случи. Играчите го вложија максимумот, се обидуваа да дадат гол, но за жал противникот успеа да погоди, а ние не“, рече Солари по синоќешниот меч.

Кралскиот клуб едноставно не може да се носи со Барселона во Шпанија во последниве неколку сезони. Во последнава декада, каталонскиот гигант има повеќе победи од Реал на теренот во Мадрид, нешто што никогаш досега се нема случено.

Тренерот на Реал, Сантијаго Солари едноставно не може да најде противигра за Барселона, па сега има неславен рекорд од едно реми и два порази. Тој е првиот стратег на Реал во последните 30 години што не успеал да ја победи Барселона во првите три пресметки.

Претходно вака лош биланс имал Лео Бенхакер, кој во 1987 година, во првите четири меча не успеа да победи и имаше две реми и два порази.

- Оглас -

Најнови вести