Фали Рамадани има одлична провизија од Фиорентина и како агент на тројца фудбалери кај „виолетовите“ заработил 2,27 милиони евра.
Буџетот на Фиорентина има посебна ставка, провизија и за менаџерите кои ги застапуваат правата на фудбалерите, а човекот роден во Тетово е на врвот на листата со најголема заработка.
Провизиите за спортските менаџери се вообичаена ставка кај големите клубови, кои можат да си го дозволат тоа. Рамадани е застапник на двајцата супер талентирани играчи на Фиорентина, Тофол Монтиел и Душан Влаховиќ, кои имаат по 19 години, а „негов“ играч е и Марко Пјаца.
Добро минува и Пјетро Кјарадија, агентот на најплатениот играч на Фиорентина, Герман Пецела. Пецела е најплатениот играч на Фиорентина, неговата отштетна клаузула е 10 милиони евра, а од тие пари ако дојде до продажба, Кјарадија ќе инкасира 621 илјада евра.