Солскјер фатен во лага: Играчот на Манчестер јунајтед е фит, а Норвежанецот кажа дека e повреден (ФОТО)

Оле Гунар Солскјер е фатен во лага, по изјавата дека Ентони Марсијал поради повреда ќе го пропушти денешниот натпревар против Тотенхем. Сопругата на Французинот, Мелани, на социјалните мрежи го нападна Норвежанецот, и тврди дека нејзиниот маж е потполно спремен за да игра.

„Ентони е потполно подготвен за овој натпревар“ пишува на објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Марсијал во оваа сезона одигра седум натпревари за Манчестер, а беше стрелец на еден погодок, а неговиот тим од 18:30 часот ќе се обиде да се извади од бламажата против Ливерпул, со победа над лондонскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести