Солскјер го спореди Санчес со кечап во шише

Манчестер јунајтед вечерва гостува на „Стемфорд бриџ“ кај Челзи, во дербито на петтото коло од ФА купот. Под водство на Оле Гунар Солскјер, Манчестер нема пораз во англиските натпреварувања, па „црвените ѓаволи“ веруваат дека таа серија ќе продолжи и по дуелот во Лондон.

Норвешкиот стратег се очекува на овој меч да му даде шанса на Алексис Санчес, напаѓачот кој сезонава е најголемо разочарување. Иако има дадено само два гола во 19 меча, биланс кој е премалку за играч кој заработува 350.000 фунти неделно, Солскјер има доверба во Санчес.

„Алексис е играч кој треба да се притисне. Тој е како шише со кечап. Ќе го свртиш и чекаш да капне, а тоа оди полека. Но кога ќе го стиснеш, прска на сите страни. Таков е и Санчес. Добро функционира под притисок и кога ќе ја добие потребната самодоверба, ќе биде незадржлив“, рече Солскјер во објаснувањето за играта на Санчес.

 

- Оглас -

Најнови вести