Солскјер: Имавме одличен бункер во Белград

Манчестер јунајтед стигна до првата победа на гостински терен сезонава, и тоа против Партизан во Белград, во рамките од третото коло во Лигата на Европа. Англискиот гигант даде гол од пенал во 43-тата минута преку Марсијал и тоа се покажа како доволно за триумф.

И на овој дуел Манчестер немаше идеја во нападот, а како оправдување може да биде и отсуството на поголем број првотимци во тимот. Англичаните имаа само еден прецизен директен удар кон голот на Партизан, додека домаќините иако беа поконкретни, не успеаја да дадат гол.

„Мислам дека одигравме одличен бункер, посебно во второто полувреме. Предната линија дури им помагаше на страничните делови. Партизан одигра многу добро. Се браневме затоа што противникот нападна, но на крајот тоа се покажа како добро“, вели Солскјер, иако е свесен дека оваа игра на Манчестер беше далеку од идеална.

 

- Оглас -

Најнови вести