Солскјер ќе добие огромна оштета од Манчестер, негов наследник на клупата ќе биде човек кој има историски успех!

Оле Гунар Солскјер доцна синоќа доби отказ од тренерското место во Манчестер јунајтед. Поразот од 4:1 на гостувањето кај Ватфорд ја „прели чашата“, па норвешкиот стратег по три и пол години работење како менаџер во англискиот гигант, доби отказ. Пет часа траеше состанокот на кој беше одлучено дека Солскјер треба да си замине.

Според најавите, Солскјер за отказот ќе добие оштета од дури 7,5 милиони фунти, сума која Манчестер планира веднаш да ја плати. британските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат со името на наследникот на Солскјер.

Како најсериозен кандидат се споменува Зинедин Зидан. Францускиот стратег е творедот на историскиот успех на Реал Мадрид кога успеа да освои три титули во низа во Лигата на шампиони. Во тие историски моменти на Кралскиот клуб освен што Зидан беше на клупата на Реал, како главен играч на теренот беше Кристијано Роналдо, кој сега е во Манчестер јунајтед, што значи дека е можна повторна нивна соработка.

До наименувањето на нов тренер во Манчестер, клубот ќе го води досегашниот помошник на Солскјер, а тоа е Мајкл Карик.

- Оглас -

Најнови вести